Мајами со слободни фрлања до 2-0 против Бакс, блокада на Харден за полуфинале на „Ракетите“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мајами Хит поведе со 2:0 против Милвоки Бакс во полуфиналето на Источната конференција на НБА, откако ги победи во вториот натпревар со 116-114.

Хит имаа предност во поголемиот дел од овој натпревар. Бакс постојано го бркаа резултатот, ретко водеа, но потоа во клучните моменти следеа две прилично интересни судиски одлуки.

На Бакс најпрво им беше досуден фаул при шут на три поени на четири секунди пред крајот. Мидлтон ги погоди сите три фрлања за 114:114, а Хит го имаше последниот напад.

Џими Батлер ја презеде одговорноста. Промаши, но се слушна судискиот свиреж, Јанис Антетокунмпо доби фаул, а Батлер имаше шанса да му донесе победа на својот тим од линијата за слободни фрлања. Играчот на Мајами не го пропушти тоа, тој ги постигна двата поени за победа од 116:114.

Горан Драгиќ беше најефикасен во победничкиот тим со 23 поени, Kрис Мидлтон постигна ист број поени за Бакс, а најефикасен беше Јaнис Антетокунмпо со 29 поени и 14 скока.

Хјустон Рокетс во седмиот натпревар ја совладаа Оклахома Сити Тандер со 104:102 и со вкупни 4:3 се пласираа во полуфиналето на Западната конференција, каде ќе се соочат со Лос Анџелес Лејкерс.

Во уште еден возбудлив натпревар, победникот беше решен во самиот финиш. Клучот беше блокадата на Харден кон Лугенц Дорт на три секунди пред крајот и Тандер остана без шут за победа. Триумфот на „Ракетите“ го потврди Ковингтон од линијата за слободни фрлања за пласман на неговиот тим во полуфиналето на конференцијата.

Роберт Ковингтон беше најефикасен кај Рокетс со 21 поен и 10 скока, Ерик Гордон постигна ист број поени, а Расел Вестбрук додаде еден поен помалку.

Дорт, пак, постигна 30 поени, а Крис Пол имаше трипл-дабл од 19 поени, 12 асистенции и 11 скока.