Мајк Тајсон упаднал во канцеларијата на Доналд Трамп?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот американски претседател Доналд Трамп  имал жестока средба со познатиот боксер Мајк Тајсон.

Железниот Мајк имаше жестоки периоди на љубомора и честопати се чувствуваше изневерен од жените, а Тим О’Бријан во својата книга „Трамп нација“ открива како Тајсон еднаш влегол во канцеларијата на Трамп мислејќи дека неговата сопруга го изневерува со тогаш познатиот бизнисмен.

Трамп еднаш ја имаше улогата на советник на Тајсон. Тој дури финансирал борба против Мајкл Спинкс во 1988. година, но очигледно Мајк мислел дека имал афера со неговата сопруга Робин Гивенс.

Сведочењето на денешниот американски претседател во книгата е навистина интересно:

“Тој упадна во канцеларијата и викаше: Дали ја е**ш мојата сопруга? Јас замрзнав. Мислев дека веќе сум мртов затоа што немав шанси против него. Тој е светски шампион и има смртоносно оружје”, сведочеше Трамп.

Тајсон имал неколку други слични испади. Мислеше дека неговата сопруга го изневерува со Мајкл Џордан и Бред Пит и за нив ги имал истите прашања.

Тој секогаш беше подготвен да направи жесток скандал, но за среќа тие беа избегнати, исто како и со Трамп, каде на крајот Мајк се смирил.