Мајката на Дончиќ во улога на манекенка, ги воодушеви сите фанови (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лука Дончиќ е еден од најголемите спортисти во Словенија во моментов и неговата мајка Мирјан Потербин сигурно е горда на него, баш како и неговата девојка Анамарија Голтес.

Поради Дончиќ и неговите настапи во НБА-лигата посебно е среќна Мирјам, која Лука го водеше и во Мадрид, кога имаше само 13 години и од почетокот се бореше за него и неговата кариера.

Освен што има кошаркарски талент, Лука знае како да заработи пари и на друг начин, па во продажба пушти своја линија на облека, а неговиот бренд го рекламира – мајка му.

Оваа 46-годишна Словенка во минатото била успешен фото-модел, но и сега во петтата деценија од животот добро позира во облеката која ја рекламира.