Мајката на Мбапе: Договор со ПСЖ? Нема такво нешто


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ле Паризиен“ најави дека францускиот напаѓач Килијан Мбапе се договорил со ПСЖ за нов договор кој треба да го потпише на две години и да стане најплатен играч во светот.

Меѓутоа, мајката на Мбапе, Фајза Ламари реагираше и даде изјава за медиумите по овие шпекулации на „Ле Паризиен“.

„Немаме никаков договор. Засега ситуацијата е таква што немаме договор ниту со ПСЖ, ниту со било кој друг тим“, кажа Ламари.

Францускиот медиум објави дека Мбапе ќе ставел потпис на двегодишен договор со плата од 50 милиони евра по сезона плус 100 милиони бонус.

Договорот на младиот фудбалер завршува ова лето и најверојатно ќе се пресели во Мадрид, како што се шпекулира со месеци.