Мајката на Мбапе го најави следниот трансфер на Французинот

Фајза Ламари, мајката на Килијан Мбапе, потврди дека францускиот напаѓач ќе ја продолжи кариерата во шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Мбапе вчера организира последна забава во Париз на која беше присутен и претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Новинарите со часови се обидуваа да добијат изјава, а на крајот успеаја да извлечат неколку зборови од мајката на Мбапе.

„Мислам дека веќе знаете каде ќе игра“, кажа Ламари.

Мбапе веќе неколку години се поврзува со „кралскиот клуб“, а конечно ќе си го исполни сонот и ќе го облече дресот на Реал Мадрид.