Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо вчера го постигна својот 100. гол во дресот на „Старата дама“, но неговата екипа игра многу лоша сезона и постои можност да си замине во летниот преоден рок.
Меѓу имињата кои се споменуваат како фаворити за потписот на РОналдо се Манчестер јунајтед, ПСЖ, но и Спортинг Лисабон.
Португалскиот гигант по две децении стана шампион на Португалија, па сега се шпекулира за враќањето на Роналдо во клубот.
Тоа би сакал да го види и неговата мајка Долорес Авеиро, која ќе се обиде да го убеди да се врати во тимот каде што го почна неговото патување.
„Утре ќе одам до кај него и ќе го убедам да се врати во клубот“, кажа мајката на Роналдо.
Роналдо во Спортинг одигра само една сезона и блескаше, по што следеше трансфер во Манчестер јунајтед.