Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатиот викенд на американската „ЕСПН“ беа премиерно емитувани првите две епизоди од документарецот за Мајкл Џордан и последната шампионска сезона во Чикаго булс.
Во време кога пандемијата на коронавирусот ги запре сите спортски натпреварувања, документарецотза Џордан ги урна сите рекорди во гледаност на „ЕСПН“.
„Фобрс“ објави дека Џордан решил цела добивка од серијата да ја донира во хуманитарни цели. Прва проценка е дека од „Последниот танц“ ќе заработи околу четири милиони долари.
Документарецот нуди помалку познати информации од тоа што се случувало во Чикаго и некои шокантни методи на еден од најдобрите кошаркари во историјата.