Мајсторска интервенција на Дени Илиев на пријателски натпревар за Јагјелонија (Видео)

Македонскиот интернационалец, Дени Илиев имаше уште еден успешен настап во дресот на Јагјелонија, овој пат на пријателската средба со Днипро.

Илиев немаше многу работа во првите 45. минути, а за обележување беше една негова одбрана од финишот на првиот дел. Нашиот голман со рефлексна интервенција спаси сигурен гол и за прв пат во третиот пријателски натпревар за Јагјелонија ја зачува недопрена својата мрежа.