Македонецот Бранковски го победи олимпискиот првак од Рио во пукање со пиштол!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот спортист Борјан Бранковски настапи на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио и го освои 21. место во дисциплината пукање со воздушен пиштол од 10 метри во конкуренција на 36 натпреварувачи.

Бранковски оствари 573 круга, а тоа е негов најдобар резултат на големите натпреварувања, а интересно е тоа што го победи олимпискиот шампион во дисциплината од Рио, Хоан Сум Вин, но поради поголем број чисти десетки тој се пласираше повисоко.

Шампион во оваа дисциплина е Џавад Форуги од Иран, по што следи Дамир Микец од Србија, а третата позиција ја освои Веи Панг од Кина.