Македонецот влезе во ритам: Несторовски даде хет-трик за Удинезе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Илија Несторовски се наоѓа во одлична форма на подготовките за новата сезона на Удинезе, откако денеска постигна хет-трик против Илирија од Словенија.

Несторовски погоди против словенечката екипа во 48, 75 и 87. минута од натпреварот (3-0), па така испрати порака до тренерот дека треба да му даде поголема минутажа во следната сезона.

Несторовски постигна шест гола во три меча на подготовките, иако беше на излезна врата пред некое време, но сепак потпиша едногодишен договор со калчолигашот.

Овие шест гола на три натпревари му даваат надеж на Несторовски дека ќе добие повеќе шанса во првиот тим.