Македонија мора да ја победи Романија, па да чека услуга од Данска


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонска ракометна репрезентација денеска ќе се соочи против Романија во третото коло од групната фаза на Европското првенство (ЕП).

Нашите ракометари сè уште имаат шанса да се пласираат во следната фаза, но ќе мора да се исполнат неколку услови.

Најважно од сè е Македонија најпрво да победи против Романија, а потоа разликата да биде што е можно поголема, по што треба да чекаме победа на Данска против Португалија.

За да се пласира Македонија во следната фаза потребно е збирот на разликите од двете средби денеска да биде поголем од 18.