Македонија на денешен ден пред пет години ја нокаутира Германија (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


На 31 март 2021 година, фудбалската репрезентација на Македонија ја испиша една од најголемите победи во својата историја, остварувајќи сензационална победа од 2-1 против Германија на гостински терен.

Горан Пандев донесе водство во судиското продолжение од првото полувреме, додека Илкај Гундоган израмни од пенал во вториот дел.

Кога изгледаше дека домаќините ќе направат пресврт, Елиф Елмас во 85. минута погоди за историски триумф и голема радост за македонските навивачи.