Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација синоќа загуби со 0-4 на гостувањето кај Турција и тоа беше четвртиот меч под водство на селекторот Гоце Седлоски на кој нема постигнато гол.
Последниот гол кој го постигнала Македонија беше на 18 ноември против Велс (1-7), а оттогаш одигра четири натпревари без постигнат гол (две ремија и два порази).
Следниот натпревар на Македонија е против Швајцарија на 26 септември, а тоа значи дека најмалку 10 месеци нашите фудбалери ќе бидат без постигнат погодок.
















