Македонија без напредок на новата ранг-листа на ФИФА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација летово за првпат ќе заигра на Европското првенство (ЕП), а на две недели пред натпреварувањето беше објавена ранг-листата на ФИФА на која немаме промена.

Македонија се наоѓа на 62. позиција со 1374,73 бодови, па од таа позиција ќе го почнеме настапот на ЕП и доколку имаме добри резултати против Австрија, Украина и Холандија, тогаш би можеле да забележиме напредок.

Што се однесува до нашите ривали во групната фаза од ЕП, ние сме најлошо рангирани, по што следи Украина на 24. место, Австрија е на 23. позиција, а Холандија е најдобро и се наоѓа на 16. место.