Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонските одбојкари денеска ги дознаа нивните противници во европската Златна лига, па може да се каже дека нашите репрезентативци добија тешка група.
Македонија ќе треба да бие бој против Турција, Чешка и Португалија на дебито на нашата селекција на европското натпреварување.
Нашите одбојкари воопшто нема да имаат лесна задача затоа што само победниците на трите групи ќе обезбедат пласман на фајнл-форот, како и најдобро пласираниот втор тим.
Ниту другите две групи не се нешто полесни, па во групата А ќе се соочат Белгија, Словачка, Шпанија и Романија, додека во групата Б силите ќе ги одмерат Украина, Холандија, Белорусија и Естонија.
Првите натпревари во Златната лига се играат на крајот на мај.