Македонија го распарчи Алжир во „Президент купот“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонските ракометари конечно триумфираа на Светското првенство (СП), па го почнаа „Президент купот“ со победа од 40-25 против Алжир.

Натпреварот беше израмнет само во почетните минути (2-2), по што Македонија ги презема работите во свои раце и на полувреме замина со осум голови разлика (19-11).

Алжир се држеше во првите 10 минути од вториот дел, по што следеше целосен распад, а Македонија стигна до убедливи +15.

Најдобар во победата беше Жарко Пешевски со седум голови, додека Дејан Манасков постигна шест гола. На спротивната страна Дауд запиша пет гола.

Македонија следниот меч го игра против Тунис од 18 часот, додека последниот дуел го играат против Мароко в понеделник.