Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонските ракометари на првиот меч од ЕХФ-неделата славеше со 26-23 на гостински терен кај Турција без многу проблеми, иако селекторот Данило Брестовац им даде шанса на помладите репрезентативци.
Македонија отвори со серија од 3-0, а предностса ја задржавме и во продолжение на првото полувреме. Нашите ракометари стигнаа и до четири гола предност (12-8), а водството го одржаа и до крајот на првите 30 минути (15-11).
Во вториот дел Македонија продолжи со исто темпо, па во еден момент поведе и со 20-14, но Турците одговорија на одличен начин и намалија на 22-24. Сепак, нашите ракометари останаа сигурни до крајот на мечот и славеа со 26-23.
Македонските ракометари утре ќе играат уште еден меч, а нивни следен противник на подготовките за Европското првенство им е Италија.