Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонија доби светски шампион по четврти пат во кикбокс, откако Димитар Ѓорѓиев го совлада Никола Дробњак со 3-0 во финалето на Светското првенство во Италија.
Ѓорѓиев се натпреваруваше во категоријата „лоу-кик“ до 81 килограм и ја потврди доминацијата. Босанецот не можеше да му се спротистави на македонскиот борец, кој славеше со 3-0 и така се закити со уште еден успех.
Македонскиот кикбоксер претходно ги совлада Дано, Даковиќ и Николов, а зад себе има и европско злато од 2018 година.