Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација одигра 1-1 против Словенија во пријателскиот меч пред неколку дена, а сега ќе се соочи против Казахстан на последниот подготвителен дуел пред Европското првенство (ЕП).
Македонија е поквалитетна репрезентација во однос на денешниот ривал, па сите очекуваме победа, но тоа зависи од одлуката на селекторот Игор Ангеловски и тоа дали ќе излезе на теренот со најсилниот состав или нема да ризикува пред настапот на ЕП.
Речиси сите фудбалери се во конкуренција за натпреварот, освен Ферхан Хасани, кој се повреди на дуелот против Словенија, па можеби нема да добие минутажа на мечот против Казахстан.
Македонија ги почнува возбудувањата на ЕП против Австрија на 13 јуни, а четири дена подоцна се игра против Украина, по што последниот меч во групната фаза е закажан со Холандија.