Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонските ракометарки одиграа храбро против фаворитот Шпанија во четвртото коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП), но загубија со 20-24.
Македонија имаше водство од 3-1, но потоа „црвената фурија“ влезе во одличен ритам и поведе со 10-7, но нашите ракометарки до полувреме намалија на еден гол негатива.
Во вториот дел Шпанија играше одлично и постојано ја зголемуваше предноста, која достигна седум голови во еден момент, но Македонија во финишот влезе во ритам и намали на 20-24.
Најефикасни кај Македонија беа Маџовска и Кипријановска со по три голови, додека Пинто постигна четири погодоци за Шпанија.