Македонија пред тежок противник во квалификациите за СП 2025


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


По завршувањето на главната фаза на Европското првенство во Австрија, Унгарија и Швајцарија, познати се сите тимови што ќе учествуваат во квалификациите за Светското првенство 2025, кое ќе се одржи во Германија и Холандија.

Во недела ќе се одржи ждрепка за 22 селекции кои ќе бидат распределени во два шешири. Се игра за 11 места на претстојниот Мундијал. Македонската репрезентација ќе биде во вториот шешир и ќе го дознае својот противник во квалификациите, каде што натпреварите ветуваат неизвесност и големи предизвици.

Првиот шешир го сочинуваат:
Шведска, Црна Гора, Полска, Романија, Словенија, Швајцарија, Шпанија, Австрија, Чешка, Исланд и Фарските Острови.

Во вториот шешир се наоѓаат:
Македонија, Хрватска, Турција, Србија, Португалија, Украина, Словачка, Израел, Италија, Косово и Литванија.