Македонија со две промени ќе го нападне Исланд!

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Исланд во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП) во Катар.

Новиот селектор Благоја Милевски го избра стартниот состав и за разлика од дуелот против Ерменија во екипата може да се забележат две промени.

Во екипата ги нема Адис Јаховиќ и Александар Трајковски, додека на нивно место ќе добијат шанса Милан Ристовски и Стефан Спировски.

Во составот се: Димитриевски, Муслиу, Велковски, Алиоски, С.Ристовски, Елмас, Барди, Спировски, Чирлинов, М.Ристовски и Костадинов.