Македонија со пораз од Бугарија заврши во Лигата на нации


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонските фудбалери загубија вечерва од Бугарија во Скопје со 0-1 во последното коло од Лигата на нации.

Иако во јуни бевме фаворити за освојување на првата позиција и ново чудо, сепак Лигата на нации се покажа како неуспех за фудбалерите.

Бугарија го постигна првиот гол во 50. минута од натпреварот, откако претходно црвен картон доби Тодор Тодороски во 14. минута, по што избраниците на селекторот Благоја Милевски не успеаа да стигнат до посакуваниот резултат.

Македонија имаше шанси, но едноставно немаше среќа во завршницата, па мораше да се збогува со натпреварувањето со пораз пред домашната публика.