Македонија загуби и од Романија, но го одигра најдобриот меч на ЕП!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонските ракометарки беа поразени и во третиот натпревар на Европското првенство (ЕП) од Романија со 23-31, но го одиграа најдобриот меч досега на турнирот.

Македонија беше рамноправен противник на Романија во двете полувремиња, за разлика од дуелите против Франција и Холандија.

Романија имаше добар старт и водство, но сепак Македонија израмни на 8-8, додека на полувреме замина со негатива од само еден гол (12-13). Битката продолжи и во второто полувреме, но сепак влеговме во мала серија грешки и пад на концентрација, а тоа знаеја како да го искористат противничките од Романија.

Дабевска со седум гола и Маџовска со шест беа најдобри во редовите на Македонија, додека Неагу со 10 гола беше најефикасна кај Романија.