Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски-Иџе заврши на третата позиција на последната трка од првенството на ридски патеки во Хрватска, но тоа му беше доволно да го освои првото место во групата 1.
Иџе со своето Ферари 488 Челинџ Ево беше подобар од конкуренцијата, односно од Рони Братшчи од Чешка и Домагој Перековиќ од Хрватска.
„Македонија, ова е за тебе. Победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1! Овој успех не е само мој, туку на цела Македонија. Благодарност до сите кои беа со мене низ овој пат, до мојот неверојатен тим ,тимот на Ферари ,до моите спонзори и до сите вас кои ни давате безрезервна подршка во сето ова“, објави Иџе.