Македонска ракометарка е позитивна на Ковид-19


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската репрезентативка Елена Ливриниќ имала позитивен тест на Ковид-19, како што објавија медиумите од Романија.

Ракометарката на Глорија Бузау пред почетокот на подготовките во Романија направила тест, па биле откриено само два позитивни случаи, од кои едната е токму Ливриниќ.

Ливриниќ е во карантин, заедно со нејзината цимерка, но и уште неколку лица кои имале контакт со македонската ракометарка.

Репрезентативката минатата сезона играше во дресот на Динамо Букурешт, а претходно настапуваше и за Данубиос Галати.