Македонски јунаци: Одбојкарите со пресврт ја надиграа Данска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската одбојкарска репрезентација славеше со 3-1 во сетови против Данска и со триумф го почна Европското првенство (ЕП), на кое сме еден од домаќините.

Во првиот сет се играше израмнето, а Данска прва направи серија од 4-0 и избега на три поени разлика, по што го доби сетот со 25-22.

Македонските одбојкари потоа влегоа во ритам и успеаа на идентичен начин како ривалот да го освојат вториот сет со 25-22.

Одбојкарите играа добро и во третиот сет, кој им припадна со 25-19, додека во четвртиот беа одлични со 25-22.