Македонскиот селектор доби забрана за влез во Косово!

Српскиот тренер Драган Бајиќ, кој работи како селектор на Македонија, доби забрана за влез во Косово од каде што требаше со македонските репрезентативци да замине за Истанбул, а потоа за Тбилиси.

Бајиќ, кој исто така е тренер на Игокеа, даде кратка изјава за „Српска инфо“ за одлуката на косовските власти и кажа дека е шокиран.

„Јас во моментов се наоѓам во Скопје и шокиран сум од моментот кога ја добив информацијата дека не ми е одобрен влез на територија на Косово. Јас немам објаснување зошто тоа се случи. Ѝ беше создаден голем проблем на македонската федерација затоа што едноставно е принудена да бараат алтернативни решенија како да стигнам до Истанбул. Нема да можам да одржам тренинзи со тимот, зашто морам да тргнам порано на пат за Истанбул“, кажа Бајиќ.