Македонските херои се подготвени за историскиот бараж со Португалија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20.45 часот на гостински терен во Порто ќе се соочи против Португалија во битката за пласман на Мундијалот во Катар.

„Црвено-жолтите“ се подготвени за големиот предизвик, откако претходно ја елиминираа Италија во Палермо, па сега се надеваат на нов голем и историски успех за репрезентацијата.

Кристијано Роналдо вчера предупреди дека воопшто нема да им биде лесно против Македонија затоа што е организирана екипа и заслужува голема почит.

Македонските фудбалери вечерва ќе треба да покажат квалитет на теренот и да се обидат да го елиминираат фаворитот во 90 или 120 минути.

Ова би бил втор голем успех за македонската селекција, која минатото лето настапи на Европското првенство за првпат во историјата.