Македонските јунаци за пласман на СП би добиле премија од – 4,5 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација вечерва игра историски меч против Португалија и се надева дека ќе го изненади домаќинот и ќе обезбеди пласман на Мундијалот во Катар.

Дополнителна мотивација за фудбалерите треба да биде и премијата од неверојатни 4,5 милиони евра, доколку ја победат Португалија на „Драгао“.

Македонија ќе добие бонус од 12,5 милиони долари од Светската фудбалска федерација (ФИФА), а третина од парите ќе биде наменета за фудбалерите.

Претходно македонските јунаци за пласман на Европското првенство (СП) добија премија од речиси три милиони евра.

Владата на Македонија и премиерот Димитар Ковачевски претходно вети премија од државата во висина од половина милион евра.