Малдини ги загуби нервите и му се развика на Спалети (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи е на пат да го освои Скудетото, но вчера доживеа дебакл против Милан (0-4) пред својата публика.

Екипата на Лучано Спалети не изгледаше опасно без Виктор Осимен во нападот, а освен возбудувањата на теренот, жешко беше и надвор од него.

Директорот на Милан, Паоло Малдини му се налути на Спалети поради замерките за прославата на Рафаел Леао, па му се развика на тренерот на Наполи.

„Што сакаш ти? Ќе го освоите Скудетото, што сакате друго?“, му кажал Малдини на Спалети.