Малдини откри дека сакал да го донесе Меси во Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Паоло Малдини е легенда на Милан, но имаше болна разделба со неговиот поранешен клуб откако доби отказ од позицијата спортски директор.

Малдини договори голем дел од засилувањата кои во моментов играат за Милан, а во разговор со италијанските медиуми кажа дека сакал да го купи и Лионел Меси.

„По информациите од Барселона, ние 10 дена се обидувавме да го донесеме Меси. За жал, тоа беше невозможна мисија. Веќе е доцна да се оствари такво нешто. Кога читав дека може да се пресели во Интер, многу се исплашив“, вели Малдини.

Малдини смета дека Интер оваа сезона ќе биде шампион во Серија А.