Малдини откри како го избркале од Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот италијански фудбалер и легенда на Милан, Паоло Малдини беше отпуштен од калчолигашот, а шест месеци по отказот реши да откри како бил избркан од тимот.

Малдини објави дека бил отпуштен од Гери Кардинале, кој не му дал никакво логично објаснување.

„Кардинале ми се јави за да имаме доручек и да зборуваме за заминувањето на Златан Ибрахимовиќ. Потоа ми кажа дека сака промена и ми посочи дека јас и Рики Масара сме отпуштени. Го прашав зошто донел таква одлука, а тој ми кажа дека тоа е производ на нарушениот однос кој сме го имале со извршниот директор Фурлани. Јас никогаш не сум се пожалил за Фурлани, но тој потоа го спомена и поразот од Интер во Лигата на шампиони“, вели Малдини.