Малуда го тера Мбапе да потпише за премиерлигаш


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе има договор со ПСЖ до 2024 година, но наскоро се очекува да ја напушти екипата, а за неговите услуги се заинтересирани неколку клубови.

Реал Мадрид претходно се обиде да го купи со 180 милиони евра, но не му успеа планот, па сега останува на другите гиганти да се борат за неговиот потпис.

Поранешниот фудбалер Флорен Малуда откри дека го убедува Мбапе да потпише за англискиот гигант Челси.

„Веќе некое време го убедувам да потпише за Челси, иако не успеав во тоа, но нема да се откажам. Верувам дека Премиерлигата за него е идеална средина и може да му помогне да напредува уште повеќе во кариерата“, вели Малуда.