Мамиќ е фабрика за пари: Гвардиола доаѓа до талентираниот Хрват


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Динамо Загреб веќе инкасираше 34 милиони евра.

Нема крај на големите зделки на Динамо. Клубот од Максимир ретко кога мирува, а и ова лето е многу продуктивно за финаниското конто на Модрите.

Како што пренесува Дејли Мејл, Анте Чориќ е нова желба на Манчестер Сити. Прво загребскиот тим го напушти Марсело Брозовиќ и Јосип Брекало, кои за вкупни 11 милиони тргаа на пат за Интер, односно Волфсбург, а после неколку неделни долги преговори и Марко Пјаца пронајде нов клуб.

Јувентус за него мораше да плати 23 милиони евра, но Динамо и покрај тоа и понатака има талентирани играчи за продажба. Се чини дека на ред дојде 19-годишниот офанзивен играч за врска кој наскоро може да се пресели на Островот.

Според истиот извор, Пеп Гвардиола загриза и сака да продолжи со подмладувањето си тимот. После доведувањето на Олександр Зинченко, Лирој Сане и Габриел Жесус, шпанскиот тренер ќе проба со нови млади сили да инјектира брзина и експлозивност во редовите на Граѓаните.

И понатака останува непознато дали кај Модрите стигна официјална понуда, но Сити без сомнение ќе го одврзе кесето доколку се одлучат да го реализираат трансферот до крајот на преодниот рок.

Чориќ во ова лето беше член на репрезентацијата на Хрватска на ЕП во Франција, а во минатата година беше прогласен за најголема надеж на хрватскиот фудбал. Сега се тоа треба и да се наплати.

Иако порано во оваа година официјално ја напушти управата на Динамо Загреб, очигледно е дека Здравко Мамиќ од сенка продолжува да повлекува конци на Максимир. Колку неговите потези се успешни, проценете сами.