Мамиќ: Не сакав да играме против Ц. Звезда, но сега тие ќе испаднат од Динамо Загреб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Здравко Мамиќ, алфата и омегата на Динамо Загреб даде изјава за босанските медиуми по ждрепката за Лигата на шампиони, каде што хрватскиот тим и Црвена Звезда дознаа дека би можеле да се соочат во плејофот.

Ждрепката во Нион реши Ц. Звезда и Динамо да заиграат во плејофот, а веднаш по информацијата, Мамиќ кажа дека се надева на триумф на хрватскиот тим.

„Морам да бидам искрен, се знае мојот став од минатата година. Не сакав натпревар против Звезда. Затоа што секогаш сум навивал за нив, а сега мора еден да испадне. Тоа ќе биде Звезда. Не може да се каже дека Динамо е фаворит, зашто Звезда во последните неколку години има импресивни резултати. Нема фаворит, но сигурен сум дека Динамо ќе се избори за групна фаза“, вели Мамиќ.