Мамиќ за едно лето ќе земе 50 милиони! Рог го продаде на италијански клуб!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


А допрва се чека трансферот на Анте Чориќ.

Страшно лето има загребски Динамо на фудбалскиот пазар! Такво работење на еден балкански клуб не се памети! Почна со рекордното продавање на Марко Пјаца во Јувентус за огромни 23 милиони евра, а сега во главниот град на Хрватска експлоадира уште една трансфер бомба.

Како што се и очекуваше, Наполи го купи суперталентираниот Марко Рог за 16.5 милиони евра и така заврши уште една голема зделка, после неколку недели неизвесност.

Последните информации кои кружеа низ Италија гласеа дека Наполи понуди 15 милиони евра, со уште три милиони на име бонуси. Во меѓувреме се дозна дека зделката е завршена и дека Динамо ќе има уште еден трансфер за паметење. Сега само останува Рог да стигне во Неапол, да ги помине медицинските прегледи и потоа да парафира повеќемесечен договор со што ќе биде ставена точка. Финансиските детали ќе бидат познати многу брзо.

Тоа значи дека Динамо воден од Здравко Мамиќ само во ова лето досега инкасираше неверојатни 50.5 милиони евра! А не треба да заборавиме дека сеуште се чека продажбата на талентираниот Анте Чориќ, кој се проценува на 15 милиони евра.

Мамиќ е блиску од 200 милиони евра – Пјаца е круна не неверојатните продавање на Динамо!

Покрај тоа што Динамо доби 23 милиони евра за Пјаца, на сметката легнаа уште 6 милиони од Волфсбург на име оштета за Јосип Брекало, но и уште 5 милиони од Интер за Марсело Брозовиќ кој дури во текот на ова лето стана официјално фудбалер на Интер (досега беше позајмен). Ушта кога би заминал и Чориќ, Динамо нема да имал апсолутно никакви финансиски грижи.

Нема сомневање – загребски Динамо веќе долги години е клуб чиј пример мора да го следат останатите тимови на Балканот.