Манчестер јунајтед блиску до промоција на нов тренер, но нема да биде Солшер!?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Откако Манчестер јунајтед го отпушти Рубен Аморим минатата недела, екипата привремено ја презеде Дарен Флечер кој не успеа да ја размрда во двете натпревари колку што ги водеше.

Уште повеќе, ремито против Барнли и елиминацијата од Брајтон во ФА купот само ја влошија состојбата во клубот кој и онака е на тенок лед.

Затоа се работи забрзано на пронаоѓање решение до крајот на сезоната бидејќи Дарен Флечер тоа не е, иако првичен кандидат беше Оле Гунар Солшер кој самиот се понуди, клубот има нешто поинакво видување во овој момент.

Имено, во пол-позиција за клупата на Јунајтед во овој момент е Мајкл Керик, кој одржа позитивен контакт со групацијата INEOS под водство на сер Џим Ретклиф и менаџментот на “ѓаволите”, јавува Фабрицио Романо.

Така, Оле Гунар Солшер е ставен “на пауза” засега.

Мајкл Керик веќе беше на клупата на Манчестер јунајтед бидејќи работеше како помошник токму на Оле Гунар Солшер, за потоа привремено да го преземе тимот кога Норвежанецот доби отказ. Го водеше тимот десетина дена пред Ралф Рангник да биде поставен за нов шеф на струката.

Потоа работеше во Мидлсбру каде што играше во формација 4-2-3-1 без топка и 3-2-5 кога екипата е офанзивна со посед.