Манчестер јунајтед ангажира еден од најдобрите напаѓачи во Англија

Напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тони побара од Брентфорд да му дозволи да реализира трансфер во Манчестер јунајтед.

Тони наводно се договорил со „црвените ѓаволи“, откако Манчестер јунајтед претходно го потврди и Џошуа Зиркзе.

Англискиот голгетер има договор со Брентфорд до крајот на сезоната, па бара да замине од клубот, а Јунајтед наводно е подготвен да плати 50 милиони евра.

Брентфорд минатото лето бараше 80 милиони евра, но Тони беше суспендиран на осум месеци и никој не го откупи неговиот договор.

Тони имаше понуда и од Тотнем, а заинтересиран беше и Челси, но на крајот остана во Брентфорд.