Манчестер јунајтед без емоции се збогува со Роналдо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерлигашот Манчестер јунајтед вчера одигра натпревар по пауза од еден месец поради Мундијалот во Катар и славеше со 2-0 против Барнли во ЕФЛ-Купот.

Дуелот против Барнли беше и прв натпревар без најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо на кој му беше прекинат договорот претходниот месец.

„Ѓаволите“ во програмата за натпреварот која ја добиваат навивачите наведе дека Роналдо не е повеќе дел од екипата, по што следеше соопштение без емоции.

Договорот на Роналдо беше прекинат по контроверзното интервју кое го имаше со познатиот водител Пирс Морган во кое го нападна тренерот Ерик Тен Хаг.