Манчестер Јунајтед доби подарок пенал, се огласи и Шмајхел (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед на полувремето има предност од 2:0 против Астон Вила и чекори кон 17-тиот натпревар по ред без да биде поразен.

Стрелци на головите беа Бруно Фернандеш и Мејсон Гринвуд, а првиот погодок на Португалецот дојде од пенал.

Според многумина, ВАР системот овој пат му помогнал на „ѓаволите“ откако им подари непостоечки пенал.

Со свој коментар се јави и поранешниот легендарен голман на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел кој истакна дека уште еднаш се потврдило дека ВАР системот не функционира најдобро.

„Жал ми е но тоа не беше пенал. ВАР продолжува да е смешки“ –напиша Шмајхел на социјалните мрежи.