Манчестер Јунајтед ги одреди потенцијалните засилувања во средината на теренот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед одредил потесна листа на засилувања од средината на теренот по кои ќе се тргне во летниот преоден рок.

„Ѓаволите“ се блиску до ангажман на Бруно Фернандеш, но и покрај тоа тие ќе купуваат играч од средината на теренот во летниот преоден рок.

„МЕН“ пренесува дека Манчестер Јунајтед ќе се обиде да ги донесе Џејмс Медисон, Џек Грилиш, Дони ван де Бек и Саул следното лето. Секако дека Јунајтед нема да ги донесе сите овие играчи, туку еден или двајца од нив, но дефинитивно е јасно дека од нив ќе се бира следниот играч од средината на теренот.