Манчестер јунајтед го договори Јоро, па му направи проблем на Де Лихт


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер јунајтед го договори Лени Јоро и му закажа медицински прегледи на „Олд Трафорд“, но тоа исто така му создаде проблеми на дефанзивецот Матијас Де Лихт.

Откако „ѓаволите“ договорија квалитетно засилување за одбраната, интересот за Де Лихт се намали, односно премиерлигашот не сака да ја плати откупната клаузула.

Де Лихт веќе ги прифати личните услови од гигантот од „Олд Трафорд“ и трансферот требаше да се реализира, но сега Јунајтед не сака да потроши 50 милиони евра плус бонуси.

Дефанзивецот на Баерн во моментов е во неповолна позиција затоа што не може да остане ниту во Минхен, откако изрази незадоволство.