Манчестер Јунајтед го донесе „новиот Чех“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челниците на Манчестер Јунајтед го направија трансферот среде пандемија на коронавирус.

Иако скоро сите спортски натпреварувања се прекинати низ цела Европа, на „Олд Трафорд“ не седат мирни и веќе го обезбедија потписот на најголемиот чешки талент меѓу стативите.

Станува збор за 16-годишниот Радек Витек, кој доаѓа во Сигма Оломоуц на Театарот соништа, а „Црвените ѓаволи“ ќе му платат само тренинг оштета, бидејќи сè уште не потпишал професионален договор.

Витек потпиша петгодишен договор со Манчестер Јунајтед и се очекува да направи големи работи во иднина, а на почетокот секако ќе собере искуство со селекцијата на У-18, каде ќе биде пречекан од сонародникот и уште еден голман Ондреј Мастини.

“Чувството е неверојатно. Многу момчиња сонуваат да играат во Манчестер Јунајтед кога ќе започнат да играат фудбал”, рече Витек.

Со донесувањето на Витек, Манчестер Јунајтед додаде уште едно име на голманската позиција. Под Де Геа и Хендерсон, Киеран О’Хара, Нејтан Бишоп, Матеј Ковар, Пол Волстон, Џејкоб Карни …