Манчестер јунајтед го казни Рашфорд со – 650.000 фунти!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд го пропушти тренингот на Манчестер јунајтед кој беше закажан за петок, откако излажа дека е повреден, а всушност заглавил во ноќен клуб.

Британските медуми објавија видео на кое може да се забележи дека Рашфорд се забавува до раните утрински часови во Белфаст, а потоа не стигнал навреме во Манчестер.

„Ѓаволите“ решија да го казнат Рашфорд со 650.000 фунти, односно да му ја одземат двонеделната плата. Поради оваа казна, Рашфорд го пропушти и натпреварот против Њупорт во ФА-купот.