Манчестер Јунајтед го задржува Игало на начин на кој најмногу им одговара


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед веројатно ќе го задржи Одион Игало и покрај фактот што неговиот договор за позајмица истекува денес.

„Скај Спортс“ пренесува дека англискиот клуб бил блиску до договор со Шангај за продолжување на позајмицата на играчот до јануари 2021 година.

Манчестер Јунајтед нема обврска да го откупи неговиот договор и ќе може да ги користи услугите на Нигериецот најмалку до средината на следната сезона кога ќе одлучува дали перманентно да го откупи неговиот договор.

Ваквата опција е најприфатлива за Манчестер Јунајтед кој нема да мора да троши пари на напаѓачот и доколку тој потфрли во следниот период, ќе може да му донесе замена во следниот јануарски преоден рок.