Манчестер Јунајтед и дефинитивно останува без двајцата миленици на публиката


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најугледниот англиски портал „Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер Јунајтед и дефинитивно ќе остане без милениците на публиката,  Хуан Мата и Андер Ерера.

И двајцата се влезени во последните месеци од своите договори на „Олд Трафорд“ и многу веројатно нема да ги продолжат, па во јуни ќе заминат како слободни агенти.

Следна дестинација за Андер Ерера е ПСЖ клуб во кој ќе  заработува 200.000 фунти неделна плата, нешто што од Манчестер Јунајтед не беа подготвени да му го понудат. Според „Скај Спортс“ веќе е потпишан и преддоговор.

Хуан Мата пак ќе има величествен крај на кариерата затоа што во финалните години од играњето веројатно ќе продолжи во Барселона. Преговорите веќе се започнати и се очекува истите наскоро да финишираат со конечен договор.