Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Од таборот на Манчестер Јунајтед ја објавија листата на отпуштени и фудбалери на кои нема да им биде продолжен договорот во пресрет на следната сезона.
Веќе е познато дека Антонио Валенсија и Андер Ерера ќе си заминат од клубот, а договорот му истекуваше и на Хуан Мата, кој сепак не се најде на листата на отпуштени фудбалери.
Тоа е така затоа што од Јунајтед веројатно испратиле понуда за продолжување на соработката со Хуан Мата, па во следните денови ќе се знае дали Шпанецот ќе остане играч на „ѓаволите“ и следните години.
Играчи кои од следната година нема да го носат дресот на Манчестер Јунајтед се Џејмс Вилсон, Реган Пол, Зек Дирнли, Том Санг, Калум Вилан и Мати Вилок.