Манчестер Јунајтед и официјално потврди дека е понуден нов договор на играч кој би можел да замине


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Манчестер  Јунајтед ја објавија листата на отпуштени и фудбалери на кои нема да им биде продолжен договорот во пресрет на следната сезона.

Веќе е познато дека Антонио Валенсија и Андер Ерера ќе си заминат од клубот, а договорот му истекуваше и на Хуан Мата, кој сепак не се најде на листата на отпуштени фудбалери.

Тоа е така затоа што од Јунајтед веројатно испратиле понуда за продолжување на соработката со Хуан Мата, па во следните денови ќе се знае дали Шпанецот ќе остане играч на „ѓаволите“ и следните години.

Играчи кои од следната година нема да го носат дресот на Манчестер Јунајтед се Џејмс Вилсон, Реган Пол, Зек Дирнли, Том Санг, Калум Вилан и Мати Вилок.