Манчестер јунајтед ја најде замената за Варан во Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед одигра ужасна сезона во Премиерлигата, но со освојување на ФА-купот обезбеди место во Лига Европа за следната сезона.

Тренерот Ерик Тен Хаг сака нови засилувања за следната сезона, а посебно ќе бидат потребни во одбраната затоа што си заминува Рафаел Варан.

Бразилскиот фудбалер го напушта премиерлигашот, а „црвените ѓаволи“ веднаш пронајдоа негова замена и тоа е Тревор Чалоба од Челси.

Чалоба има 25 години, а „сините“ ќе бараат 30 милиони евра за неговиот потпис, па наскоро се очекува конкретен потег од „ѓаволите“.